Граѓаните се жалат на скапотијата, власта уверена инфлацијата ќе паѓа

|

Скапо е. Повеќе од 500 тини евра во месецот се потреби за едно четиричлено семејство да ги обезбеди потребните работи. Ова се коментарите на дел од граѓаните кои ги анкетриваме, откако завршија со пазарењето. Велат, крај нема на поскапувањето и стравуваат дека овој тренд ќе продолжи.

-Се е поскапено, 50 илјади днеари во месецот с епотреби да купиме се што треба, за дома, вели граѓанин.

-Остануваат малку пари за до крајот на месецот, вели друг граѓанин.

И додека граѓаните се жалат на виски цени, паралелно во Собранието се турка повисокото ДДВ за прехрамбени производи кои не се основни. Наместо 5 ќе се зголеми на 10 отсто. Листата на производи каде ќе биде направена корекцијата е долга. Меѓу нив се наполитанките, вафлите, пармезанот, гумените бомбони, видови риби, брашното од соја, тропското овошје, посебни сорти на сирење и уште многу други.

Народната банка пак продолжува со зголемувањето на каматната стапка на благајничките записи како механизам за заштита од инфлаторни притисоци. Според експертите основната каматна стапка до сега е највисока во последните неколку години. Од оваа камата зависи во која насока ќе се движат каматите на кредитите и на депозитите. Досега некој од банките ги поскапеа услугите.

Сепак, министерот за економија Бектеши очекува за овој месец инфлацијата да биде пониска од претходниот. Но, вели дека се преговара со сите засегнати страни за креирањето на нови мерки за заштита од ценовни шокови. За какви мерки станува збор, дали повторно ќе има корекции кај маржите или пак замрзнување на цени, Бектеши не откри.

–Во понеделник најверојатно ќе излезат новите бројки за инфлацијата. Согласно прелиминарните податоци што како Министерство за економија ги поседуваме ќе има дополнително намалување на инфлацијата за јули. Како Министерство за економија заедно со другите институции и со стопанските комори и Организацијата за потрошувачи работиме на нови мерки кои, ако има потреба, ќе се стават во функција од септември или пак од почетокот на октомври, вели министерот за економија, Крешник Бектеши.

Инаку, изминатиот период цените доживеаа сериозен скок. Инфлацијата рушеше рекорди. Во октомрви лани достигна до речиси 20 проценти. Од почетокот на оваа година почна благо да се намалува и конечно во јуни, статистика објави едноцифрена бројка, од 9, 3 отсто. Но, предвидувањата се дека и оваа грејна сезона ќе има скок кај цените на енергенсите, а со тоа и на храната. Високи бројки како лани не се очекуваат, но сепак следат тешки месеци.