Се огласи Антониа Гиговска со молба до медиумите – откри во какви односи е со сопругот

|

Пејачката Антониа Гиговска откако се породи пред неполн месец, минатата недела сподели цитат на својот Инстаграм профил што предизвика низа шпекулации и реакции во јавноста.

Имено таа сподели цитат кој вели вака: „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“, за да потоа цела недела не се огласи на сите написи во медиумите за нејзиниот однос со сопругот Роберт Спасенцовски.

И додека сите се прашуваа што сакала да порача Гиговска со оваа порака, таа повторно се огласи и овој пат стави точка на нејзиниот однос со сопругот.

Таа преку својот пост ги замолува медиумите без лажни изјави.

„Роберт е прекрасен сопруг и татко. Нема потреба да се измислуваат приказни произлезени од мои сториња“, напиша таа.