Нема потреба од паника во врска со новонастанатата состојба со конго-кримската хеморагична треска, изјави за МИА, Злате Мехмедови, портпарол на Комисијата за заразни болести. Потенцираше дека во блиска иднина не се очекуваат нови случаи на конго-кримска хеморагична треска.
– Во однос на тоа каква е состојбата, какви се симптомите, кои се можните компликации, што може да се направи за да се спречи болеста, мислам дека Институтот за јавно здравје даде информација за тоа. Комисијата за заразни болести апсолутно стои зад сето она што го прави Институтот за јавно здравје, мерките што се преземаат и препораките што се даваат, потенцира тој.
Од она што го видоа, како што додаде, првиот случај е случај на директна инфекција, а вториот најверојатно се пренесува преку загадена крв.
– Не очекуваме дека ќе има повеќе случаи, но ова не е прв пат да се појави ваков вид на болест во земјава, станува збор конкретно за конго-кримска хеморагична треска. Дека се случило во минатото – се случило, дека се појавува во регионот – се случува, дека ќе има такви инциденти – ќе се случи. Но, тоа не значи дека мора да избегнеме нова епидемија, која сериозно ќе го загрози животот и здравјето, истакна Мехмедовиќ.