Македонската полиција соопшти детали: Лице со фантомка краде чанти на жени

|

Жена од Неготино пријавила во полиција дека едно лице и ја украло чантата. Неготинци споделуваат повик за внимателност преку социјалните мрежи. Преку интернет се алармира на претпазливост, бидејќи била нападната жена од непознато лице, со фантомка на лицето. Според статус на социјалните мрежи, лицето откако ја украло ташната избегало во непознат правец, а жената била видно вознемирена и многу исплашена.

Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес, го потврди случајот за МИА.

– Завчера во ОВР Неготино, Л. Н (61) од Неготино пријавила дека на улицата „Цандо Кожинков“ во Неготино, едно лице и ја одзело чантата. Се работи на расчистување на случајот, рече Самарџиев.