Татко се онесвестил на породување: Сестрите не знаеле на кого да му пружат помош, на идната мајка или на нејзиниот сопруг

|

Урнебесно видео се појави на ТикТок кое настанало за време на породување, а она што е интересно е тоа што по ова видео во коментари со слични ситуации се јавиле стотици и стотици татковци.

Имено ново печената мајка Кориан Џонсонс објавила видео кое настанало во породилната сала додека таа се породувала, а во описот на видеото стои дека нејзиниот сопруг се трудел, но не издржал.

Урнебесното видео ги насмеа сите, а во коментарите се јавија голем број на татковци со слични доживеани ситуации.

-И мојот сопруг буквално се онесвести кога во болница ми даваа епидурална анестезија, напиша една од мајките.