Најверојатно на Балканот доаѓа последниот топол Африкански бран за ова лето

|

Како што претходно најавивме, нашата територија, но и целиот балкан во текот на следната седмица ќе биде зафатен од најверојатно последниот топол Африкански бран за ова лето. Овој топлотен бран нема да донесе екстремно високи температури на воздухот. Ув индексот сепак ќе има многу висока вредност (вредност 8).

Времето во Македонија, како и во целиот регион ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Сепак повремено има услови за изолирана попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите на многу места ќе надминуваат 30 степени, или до околу 35 степени најмногу ширум регионот. Во Македонија исто така на повеќе места очекуваме температурата да надмине 30 степени, особено од средината на следната седмица. Во најтоплите централни и југоисточни предели како и обично се очекуваат највисоки температури (тие ќе се искачат до околу 37, 38 степени).

Овој топлотен Африкански бран кој доаѓа е далеку послаб од првиот, кој беше екстремно топол.