Исчезна дедо Киро, семејството бара помош

|

На бројот 112 за пријавување на кризни состојби во Центарот за управување на кризи, добиена е пријава дека исчезнал 80-годишнниот Кирил Трпкоски со адреса на живеење ул. ,,Маршал Тито”.

Лицето го напуштило својот дом во селото Лазаровци, Општина Кичево, во 7 часот вчера и последен пат е виден во црквата во селото. Се работи за особено висок и слаб човек кој на себе има облечено сива блуза и темни пантолони.