Сопственикот на фитнес-салата каде што Сулејмановиќ бил тренер го земал бебето, сега добива закани

|

Се појавуваат нови детали за страшното злосторство во Градачац, Босна и Херцеговина, каде што вчера тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ брутално ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и уште две лица пред конечно да се самоубие.

Сопственикот на теретаната Емир Џиновиќ од Градачац, каде тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ работел како фитнес тренер, вчера бил на местото на злосторството и го зел бебето по убиството на Низама Хеќимовиќ. За среќа, бебето преживеало, а убиецот го оставил на подот.

“Да, го спасив бебето, во локва крв беше спуштено на подот. Сега е со мене, на сигурно. Сцената беше страшна. Ја претепа несреќната сопруга, таа беше непрепознатлива. Се познаваме, долго време работеше за мене, никогаш немаше проблеми. Не знам како дојде до ова“, рече тој.

Бебето завршило во болница во Тузла, каде му било укажана помош и било утврдено дека е неповредено, по што ќе биде предадено на социјалните служби.

Откако веста стигна до медиумите, Џиновиќ добивал и закани, само затоа што Сулејмановиќ работел кај него.