Жител на струшко Луково пронајден мртoв… Мотоциклист повреден во сообраќајка во Аеродром

|

Триесет и осум годишен жител на струшкото село Луково бил пронајден мртов во близина на деловен објект во селото, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен вчера во 6 часот и 25 минути.

– Во близина на деловен објект во струшкото село Луково бил пронајден починат В.Ј.(38) од истото село. Увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош од Струга, изјави портаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 15.08.2023 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Јане Сандански“ и ул.„Владимир Комаров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(54) од Прилеп и мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(58) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.