Пензионерка доби кривична пријава поради коментар на Фејсбук

|

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.С.(67) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

На 16.07.2022, на објава поставена на социјалната мрежа Фејсбук, пријавената објавила коментар со кој повикувала и промовирала насилство.