ЈСП утре повторно излегува на протест – бараат да им се исплати платата

|

Вработените во ЈСП бараат исплата на јулска плата, во спротивно најавуваат дека утре повторно ќе излезат на протести, ако денеска не бидат примени на средба од страна на градоначалничката Данела Арсовска.

“Тоа е единствениот начин да се избориме за своите права од работен однос и редовен личен доход. Два дена се влечеме во Град Скопје да ни објаснат зошто нема плата“ посочува Стојановски за МИА и вели дека било договорено дека им било ветено дека во буџетот на градот Скопје има доволно средства за плати и други додатоци, но дека досега не им биле исплатени.