Македонија под влијание на десетдневен топлотен Африкански бран!

|

Најновите анализи кој ние ги направивме укажуваат на тоа дека во следните десет денови територијата на Македонија ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Африка, и истата ќе донесе високи температури на воздухот, како и висок Ув индекс.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 23 степени, а максималните дневни температури ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8 ). Апелираме во следните денови и покрај тоа што не се очекуваат некои екстремно високи температури на воздухот, сепак без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот), но и да се пијат повеќе течности, и тоа поради високиот УВ индекс.

Да напоменеме дека во петок, како и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за развој на изолирана нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и топло време со аксимални температури кои поради топлиот Африкански бран ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!