Официјално го преполовивме жешкиот месец август и сме на прагот на последната Млада Месечина во летото. Ќе ни даде можност да се рестартираме, да уживаме во малите нешта и да бидеме покреативни. Младата месечина ќе помине под покровителство на знакот Лав, што ќе ги разгори нашите страсти и ќе го направи овој магичен лунарен момент уште поемотивен, сензуален и возбудлив. Сега е време да ја оставиме секојдневната рутина зад себе и да се препуштиме на нашите вистински желби!
Новите месечини носат промени. Нивната енергија за обновување е совршен момент за пауза, поглед наоколу и преориентирање на нашите животи. А Лавот, кој е познат како вљубеник во забавата, ќе не‘ инспирира да експлоатираме и да се препуштаме на сите оние задоволства кои не секогаш си ги дозволуваме. Колку поголеми, толку подобро!
Сега е време да пробате нови работи, да бидете креативни и да постапувате според наредбите на срцето. Нашата самодоверба ќе биде на својот врв и треба да ја искористиме!
Новата месечина на Лав во август прави да се чувствуваме смели, забавни, разиграни и романтични. Сепак… мора да имаме на ум една работа бидејќи Венера е сè уште ретроградна и многу блиску до Сонцето и Месечината. Треба да бидеме внимателни во личните односи.
Постојат 4 знаци за кои Младата Месечина во Лав ќе биде гламурозна, прекрасна и многу среќна. Еве кои се тие:
Близнаци – подгответе се за целосна промена и уште едно прилагодување. Сега е време да се запрашате што точно сакате. Промените за вас ќе бидат исклучително конструктивни, а вашата љубопитност ќе ви овозможи да ги преиспитате старите врски, да се ослободите од вишокот и храбро да тргнете напред кон новото и возбудливото.
Девица – Смелата енергија на оваа Млада Месечина ќе ви даде многу извори на инспирација и ќе ја разгори вашата страст. Страст за нешто ново, за нешто авантуристичко, за нешто смело. Ќе ги следите вашите импулси, а тие ќе ве одведат на убави места. Време е за создавање спомени!
Јарец – атмосферата се вжештува за време на оваа млада месечина! Ќе ја почувствувате вашата сексуална енергија, ќе почувствувате желба и ќе бидете смели. Сега е време да се ослободите од негативните мисли и енергии кои на некој начин ве кочат. Вашиот романтичен живот дефинитивно ќе се движи во многу позитивна насока.
Риби – моќта на младата месечина ќе извади од вас некои навидум одамна заборавени квалитети. Ќе се чувствувате похрабри, покомуникативни, подготвени за нови потфати и забавни авантури. Овој период ќе ви донесе некои неочекувани понуди и добри вести, кои ќе направат да се чувствувате навистина среќни.