Талибанците забранија вратоврски – го симболизирале христијанкиот крст

|

Талибанците велат дека вратоврската го претставува христијанскиот крст и треба да се забрани.

„Вратоврската што ја носат мажите го симболизира крстот во христијанската вера“, изјави висок талибански функционер во Авганистан.

Откако се вратија на власт, Талибанците не наметнаа никакви правила за тоа како мажите треба да се облекуваат.

„Понекогаш кога одам во болница или некоја друга установа, среќавам авганистански лекари муслимани или инженери кои носат вратоврски“, рече Мохамед Хашим Шахид Врор, шеф на владиниот оддел задолжен да го води населението како најдобро да ги почитува исламските принципи.

Жените мора да бидат целосно покриени кога ќе ги напуштат своите домови. Скоро сите талибански функционери носат шалвар камиз, широки панталони и традиционална туника со елек и турбан на главата.

Западната облека поретко ја има во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта, но кошули и вратоврски сè уште се носат во некои професии.

За време на децениите советската окупација, по инвазијата во 1979 година, државните службеници се охрабрувани да носат одела наместо традиционални носии. Екс претседателот Ашраф Гани, кој избега од земјата во 2021 година кога Талибанците пристигнаа во Кабул, носеше западна облека кога престојуваше во странство и традиционална носија дома. Во текот на дваесетте години од бунтот, талибанските борци носеа шалвар камиз, но по преземањето на власта вооружените сили сепак добија модерни воени униформи.

Талибанците неодамна ги забранија салоните за убавина. Во 2020 Талибанците им забранија на жените да студираат. Во 2021 година забранија и музика на јавни места.