На 14 јули, тим доктори во Њујорк извршија операција на клинички мртов 57-годишен маж и успеале да го одржат во живот повеќе од еден месец, откако му ги извадиле бубрезите и еден од нив му го замениле со бубрег од свиња. Овој експеримент покажа дека органот од животинско потекло е сè уште функционален во човечкото тело, дури и кога мозокот е мртов.
Животински орган работи во телото на клинички мртов човек… Свинскиот бубрег сè уште функционира 32 дена по трансплантацијата на човекот чиј мозок беше мртов, без можност да се разбуди. Ова е најдолгиот период во којшто човечко тело не отфрлило орган од животинско потекло по таква операција“, соопштија американските научници кои ја извршија операцијата.
Лекарите користеле бубрег на генетски модифицирана свиња за да го спречат човекот да го препознае како туѓо тело и да го отфрли.
Респиратор го одржува срцето на 57-годишниот Морис Милер, како и работата на другите органи, додека бубрегот на свињата произведува урина и други вообичаени отпадни материи.