Прегазен пешак во Ѓорче Петров… Мотоциклист тешко повреден во Гостивар

|

Вчера околу 19:45 минути на на сервисна улица која ги поврзува ул.„Ѓорче Петров” со ул.„Браќа Чакареви” бил прегазен 59 годишен пешак.

„На 17.08.2023 вo 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисна улица која ги поврзува ул.„Ѓорче Петров” со ул.„Браќа Чакареви”, патничко возило „рено флуенс” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(59) од Скопје удрило во пешакот А.Г.(57) од Скопје. По несреќата, А.Г. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.“

На 17.08.2023 во 10.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 28-годишната М.А. од гостиварско Врапчиште и мотоцикл „хонда“ што го управувал 65-годишниот гостиварец С.Ц., двете со гостиварски ознаки, информира МВР.

Во несреќата С.Ц се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.