Овен
Овој викенд ви носи многу идеи кои ќе ви донесат позитивна енергија. Меркур се здружува со астероидот Палас во вашиот сектор на животен стил, па така, немојте да бидете изненадени ако вашите приходи се зголемат во следните неколку денови, преку некоја уникатна можност. Тоа би можело да биде преку вештина која веќе ја поседувате. Со присуството на Меркур, можни се и вести од некој колега или соработник.
Во недела, ќе бидете тука за оние на кои сте им потребни и тоа ќе направи да се чувствувате добро. Поставеноста на Нептун во однос на Месечината ќе ве натера да се прашувате за некои важни теми во вашиот живот, но ова не е прв пат кога тоа ви се случува. Доаѓаат важни сознанија и лекции за вас.
Бик
Имате интересни идеи и информации кои сакате да ги споделите со другите, но затоа ќе треба да си изберете добро друштво. Поминете го викендот со луѓе кои активно слушаат и кои ве исполнуваат со позитивна енергија. Ако се соочувате со дилема во однос на некој проблем, енергијата на овој викенд би можела да ви донесе брзо решение.
Утрешниот ден би можел да ви донесе средба со личност од минатото, но веројатно имате измешани чувства за таа личност. Ова е одлична можност да ги „испеглате“ работите.
Близнаци
Со танцот на вашиот владетел Меркур со непредвидливиот Уран, би можеле да дојдете до разбирање на некој проблем кој ви создавал главоболки одредено време. Ако е потребно, поминете време сами со цел да ги средите мислите. Во сабота, поставеноста на Месечината во однос на Нептун ви дава поттик да одбиете нечија понуда. Дури и да изгледаат работите добро, пробајте да разберете што се крие под површината. Не носете никакви одлуки во брзање.
Рак
Во текот на денешниот ден ќе успеете да го покажете својот вистински карактер пред интересни личности, што ќе ги натера да ве засакаат и да сакаат да поминат повеќе време со вас во следниот период. Венера ви носи и награди во секторот на финансиите. Ова е одличен момент да го исчистите хаосот во вашиот дом и да се ослободите од облеката која не ви е потребна.
Лав
Можно е да се чувствувате поамбициозно од вообичаено, што ќе ве натера да поминете значајно време со вистинските луѓе. Некако добивате нова дефиниција за успехот и сакате да осигурате дека сте на вистинскиот пат.
Ако сте во контакт со личност кон која чувствувате силна страст, можеби е најдобро малку да почекате неколку денови. Нептун е планета која може да ги замагли вашите мисли, па затоа чекањето ќе ви дојде добро за да размислите што е најдобро. Поминете повеќе време сами, овој викенд.
Девица
Имате интуитивна потреба да разговарате со некого. Поставеноста на Меркур и Месечината ќе ви помогне да го постигнете тоа, но и да споделите некои автентични идеи. Некои Девици ќе успеат да дојдат до големи потфати во нови области во кои не делувале претходно. Ова ви носи и учење, па затоа, прифатете го предизвикот.
Утрешниот ден во вашиот живот ќе врати некаква можност која мислите дека сте ја пропуштиле. Ова е вашиот момент да ја зграбите пред да почне ретроградниот Меркур.
Вага
Во вашиот живот постојат многу работи во позадина, за кои можеби не сте ни свесни. Но, сето тоа полека се спојува и ви носи интересна серија на настани, овој викенд. Можеби ќе чувствувате како да немате контрола над она што се случува, но само препуштете се. Пуштете и на интуицијата да ве води.
Шкорпија
Деновите од викендот ви носат одлична можност со што ќе успеете да се истакнете. Ако сакате да имате некакво влијание над другите, поставеноста на Уран со Меркур ви го овозможува тоа. Можна е и судбинска средба и силна привлечност со друга личност. Овој викенд ви носи можност и да стекнете нови пријатели со кои споделувате заеднички интереси.
Стрелец
Овој викенд носи одлична можност за разговор поврзан со вашиот животен стил. Посакувате да внесете некои промени, но потребно ви е да слушнете и од саканата личност или пак друга важна личност во вашиот живот. Освен тоа, следните денови ви носат можност и да направите мали промени во вашиот живот во однос на вашите навики. Имајте солидни цели кои ќе можете да ги исполните.
Јарец
Една мала работа може да направи огромна разлика во вашиот живот во текот на викендот. Тоа може да е можност некому да ги покажете своите вештини или пак да запознаете некого подобро. Само соберете храброст да бидете свои и ранливи, без да размислувате што би било кога би било.
Во сабота, една средба со посебна личност ќе ве натера да размислите за нови почетоци и да пробате нови нешта за кои не сте ни размислувале претходно.
Водолија
За родените во овој знак, следните денови носат можност да се посветите на темите поврзани со домот и семејството. Можно е некому да е потребна вашата поддршка или обратно, вам да ви е потребен совет од некој член на семејството. Бидете тука едни за други.
Rиби
Овој викенд, Рибите повторно сфаќаат колку минатото влијае на нивниот сегашен живот. Но, тоа ви носи и можност да решите одреден проблем кој можеби ве мачел одредено време. Освен тоа, разговор со некоја блиска личност имате потенцијал да ви донесе нови видици, но и решавање на некаква мистерија во вашиот живот. Не се плашете да излезете од својата сигурна зона, таму ќе ви биде најубаво овој викенд.