Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 август.
Преподобниот маченик Дометиј
Роден е во Персија како незнабожец, во времето на царот Константин. Како момче се запозна со верата Христова, го остави незнабоштвото и се крсти. Толку ја засака вистинската вера, што напушти с ? светско и се замонаши во еден манастир кај градот Нисивија. Во братството поживеа некое време, па се оддалечи на безмолвие кај некој архимандрит Нурвел, за кого се вели дека шеесет години не јадел ништо варено. Старецот Нурвел го заѓакони, па кога сакаше да го принуди и во чин на свештеник, Дометиј побегна во некоја пустинска гора и се насели во една пештера. Достигна толкаво совршенство низ постот, молитвата, бдението и богомислието, што исцелуваше болни. Кога во тие предели дојде Јулијан Отстапник, слушна за Дометиј, па испрати луѓе коишто го заѕидаа жив во пештерата заедно со неговите двајца ученици. Така заврши овој Божји Светител во 363 година и се пресели во Божјото Царство.
ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР
Денеска е Свети Бернард
Денешниот светец-заштитник, Бернар од Клерво, е роден како син на благородник во 1090 година во Фонтен-лес-Дижон, во источна Франција. По неговото образование во Шатијон-сур-Сен, тој влегол во цистерцискиот ред, ги реформирал бенедиктинците, во опатија Сито во 1113 година, заедно со 25 пријатели и четворица браќа, а набрзо му се придружиле неговиот татко и уште еден брат. Тој ја основал опатијата Клерво во 1115 година, која наскоро имала 700 монаси. Тој ги напишал цистерциските правила, го реформирал поредокот и е најзаслужен за неговото проширување (тој поттикнал да се основаат 163 манастири низ Европа, а во времето на неговата смрт имало 343). Стартер II. на крстоносните војни, борец против еретиците и расколниците, тој беше духовен водач на Европа во тоа време и советник на многу папи, владетели и епископи.