Исчезнат е Миле од Волково – семејството бара помош од граѓаните

|

Миле Дамчевски од Волково се води за исчезнат од вчера. Семејството пријавило во полиција, но преку социјалните мрежи семејството бара помош од граѓаните.

-Вчера околу 16 часот од Волково исчезнат е мојот татко, Миле Дамчевски кој е со блага деменција. Облечен бил во долни сиви тренерки и темна блуза. Доколку е забележан Ве молам пријавете на 192 или на 070/355-105, пишува неговиот син, Љупчо.