Уште една трагедија во БиХ: Ја убил сопругата, па се самоубил

|

Во населбата Подгајеви кај Живиница, БиХ, мажот со иницијали М.А. (56) ја убил Ч.Т. (52), а потоа се самоубил. Тие живееле во вонбрачна заедница.

Мотивот на овој брутален чин, според првите информации, е љубомора, пишува „Аваз“.

Невенчаната сопруга синоќа дошла од Германија каде присуствувала на свадбата на својата ќерка, пренесува „Српскаинфо“.

По враќањето од Германија најпрво дошло до расправија, а потоа М.А. земал пиштол и ја убил сопругата, а потоа и себеси.

Утврдено е дека претходно немало пријави за семејно насилство, пренесува „Аваз“.