Му паднало парче мермер додека се движел: Маж пронајден повреден кај гостиварскиот плоштад

|

Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути, во близина на гостиварскиот плоштад со повреди на главата бил пронајден 39-годишниот гостиварец М.И., извести СВР Тетово.

Според пријавеното, додека тој се движел по улица „Илинденска“ врз него паднало парче мермер од блискиот објект, соопшти СВР Тетово.

Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад„ за укажување на лекарска помош. Се расчистува и документира случајот