Државјанин на Албанија донесен во тетовската болница без знаци за живот, врз него паднала земја додека копал канал

|

Вчера, околу 15.40 часот, во СВР Тетово пријавено е дека во тетовската Клиничка болница без знаци за живот бил донесен 54-годишниот Л. Б. од Република Албанија, извести СВР Тетово.

„Според пријавеното, додека изведувал градежни работи во тетовски Челопек, околу 14.30 часот врз него паднала земја во каналот што го копале“, велат од СВР Тетово.

Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување лекарска помош по што на пат за тетовската Клиничка болница починал.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција. Се расчистува и документира случајот.