Здравство испитува зошто струшката Итна помош застанала на кафе на бензинска, по барање на роднина на тешко болен пациент

|

Министерството за здравство најави дека ќе го разгледаат случајот и ако се потврди дека има пропусти, тогаш ќе бидат преземени строги мерки. По објавувањето на видеото на телевизија Клан, на кое се гледа дека додека пациент со кислородна поддршка лежи во санитетско возило, а медицинскиот тим пие кафе, директорот на Здравствениот дом во Струга за Телма изјави дека паузата за кафе е направена на барање на ќерката на пациентот, а истото го потврди и таа во телефонски разговор.

Пациентот бил во терминална фаза на болеста и роднините побарале од Здравствениот дом во Струга, со нивно возило тој да биде пренесен во струшката болница, каде подоцна бил сместен на одделението за хирургија. Видеото е снимено пред една седмица.

Според етичкиот кодекс, здравствените работници не смеат да ги слушаат желбите на роднините на пациентите, туку да се грижат за животот и здравјето на пациентот.