|
Пожарот што вчера попладне избувна над село Горно Врановци сè уште е надвор од контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од таму додаваат дека во тек се активности за гаснење на огнот за што не е исклучена и хеликоптерска интервенција.
„Во текот на вчерашниот ден, пријавен е пожар над село Горно Врановци, Општина Чашка. Пожарот е сериозен, гори трева, но, веќе на некои места е навлезен во шума. Можеби ќе има потреба од дополнителна хеликоптерска интервенција“, изјави Ангелов.
Тој додава дека екипа на ЈП „Национални шуми“ се обидува да воспостави контрола.