Министерството за здравство се огласи во врска со пишувањата со случајот за починатиот пациент од комбето на Брзата помош чии вработени пиеле кафе на бензинска.
-По извршените разговори со сите засегнати страни, вклучително и ќерката на пациентот кој бил во возилото на брзата помош ви ги споделуваме деталите за овој случај:
Се работи за пациент кој во понеделникот испишан од болницата требал да биде трансфериран во Општа болница Струга. Пациентот бил во терминална фаза од болеста. Тој и неговата ќерка тргнале сами на нивно барање со сопствен превоз. Меѓутоа, кога стигнале до излезот на градот, ќерката сфатила дека нема да може сама и се јавила во ЗД Струга. Од таму обезбедиле возило кое за кратко пристигнало. Кога дошло возилото, ќерката на свое барање, бидејки ништо немала испиено и јадено цел ден, ги замолила да застанат. Татко и бил свесен контактибилен во тек на целиот ден. Оваа информација во целост ја потврди ќерката на пациентот. И покрај тоа што таа барала, не е дозволено застанување на Брзата помош на тој начин и Министерството за здравство покрена инспекциски надзор и побара изјаснување од директорот на Здравствен дом Струга. По наодите ќе се преземат соодветни мерки, стои во соопштението од МЗ.