Лажењето на очајни пациенти е невиден злочин и мораме да им застанеме на патот, Беќаровски инволвиран во измама

|

Доктор Нико Беќаровски денеска со свој пост на Фејсбук споделува за злоупотреба во која самиот е инволвиран.

Имено, тој преку неговиот профил демантира дека бил интервјуиран и дека има лек за болеста од која умираат најмногу луѓе кај нас, но и во регионот.

Беќаровски бил наведен како доктор кардиохирург кој тврди дека се крие лекот за болести поврзани со кардиоваскуларниот систем.

Поради ова тој на Фејсбук напиша:

– Почитувани мои пријатели од Србија,

Ако постои адвокат кој би покренал судски спор против Вашиот портал kurir.rs, со задоволство би сведочел.

Лажењето на очајни пациенти е невиден злочин и мораме некако да им застанеме на патот – стои во неговиот пост, на кој исто така го има закачено и линкот на кој се гледа наводно интервју кој тој го дал за медиумите во соседството.