Цеца може да остане без вилата на Кипар: Ова е причината поради која државата може да ѝ ја одземе недвижнината

|

Вилата на Цеца на Кипар ѝ е ставена на располагање на државата.

Прекрасната вила на Цеца Ражнатовиќ во Аја Напа, во која семејството ужива во луксуз и приватност, во случај на војна ќе биде претворена во засолниште! Звучи шокантно, но знакот на оградата го докажува тоа!

На секоја куќа на Кипар има огласни табли со информации каде можат да се засолнат граѓаните во случај на опасност или напад. Освен што има голем број бункери и засолништа, и некои приватни вили, кои се изградени од цврст материјал и имаат подруми, се предвидени за спасување на граѓаните. Едно такво известување има и на оградата од куќата на популарната пејачка – изјави човек кој долги години живее и работи на Кипар.

Да се разбереме, опасноста од повторување на инвазијата на Турција од 1974 година е многу мала, но ова е за не дај Боже. Во случај на каква било опасност, граѓаните би биле сместени во тие објекти, вклучувајќи ја и куќата на Цеца, а државата би го регулирала плаќањето на сметките за вода, струја, храна… се’ е организирано и подготвено. Пакети со вода, лекови…

Претходните години се правеше проценка која од куќите ги исполнува овие услови, се мереше квадратурата, материјалот, вентилацијата, а оваа табла ја поставуваа на куќата што ќе помине на увидот. Аја Напа е особено стратешки важна бидејќи е релативно блиску до „Зелената зона“, всушност границата што ја контролира ОН меѓу „слободниот“ и окупираниот дел на Кипар – вели изворот за „Свет“.