|
Центарот за управување со кризи информира дека се појави нов пожар во Општина Сарај кај с. Љубин, што навлезе во боровата шума.
Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, на неколку пожари во исто време и недостиг на ПП сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, се влучува еден полициски хеликоптер на МВР и трите противпожарни авиони ,,ер трактор” на ДЗС полетаа за дa се спаси боровата шума.