Снимки од падот на авионот во кој загина Пригожин

|

Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин загина денеска откако приватен авион се урна во руската област Твер, соопшти руската Федерална агенција за воздушен сообраќај.

„Покрената е истрага за падот на авионот Ембраер, што се случи вечерва во регионот Твер. Според списокот на патници, меѓу жртвите е и Евгениј Пригожин“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.

Покрај Пригожин, загинаа уште девет лица.

Видеото погледнете го со клик ОВДЕ.