Дарко Лазиќ преживеа уште една сообраќајка – седум дена пред закажаната свадба

|

Не му доаѓа памет на српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој вчера доживеа уште една тешка сообраќајна несреќа на делот од автопатот низ Белград, седум дена пред закажаната свадба со втората сопруга Катарина.

Како пишува „Блиц“, до вчерашната сообраќајна несреќа дошло кога пејачот со неговиот автомобил „бмв“ се судрил со комбе. После тоа, Дарко бил сослушан кај судија, а имал и нервозен испад во полициска станица.

Инаку, на Лазиќ му е одземена српската возачка дозвола поради казнени бодови, а му е забрането да вози од 24 февруари 2023 година до 24.2.2024 година. Но, тој користи важечка дозвола издадена во Чешка. Но, како што пишува „Блиц“, без разлика чија дозвола поседува, тој не смее да ја вози категоријата на возило за која добил забрана.

Дарко во 2018 година имаше големи здравствени проблеми, откако во тешката сообраќајна несреќа која едвај ја преживеа се здоби со повреди на мозокот, скршеница на јаболчницата, повредени граден кош и бели дробови, повредена бутна коска, ногата му беше изместена од колкот, па имаше цела серија операции.