Големо невреме се спрема во Скопје – се очекува силен ветер и град

|

Во овие моменти над Скопје се спрема големо невреме кое го најави и УХМР. Според нив, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Во однос на температурите ќе биде активно жолто ниво за опасност од висока температура.