Направете домашен сладолед од само три состојки

|

Домашното е секогаш повкусно од купечкото. Тоа важи и за сладоледот, па затоа испробајте го овој рецепт за сладолед од ванила.

Откако ја имате основата, слободно може да додадете и овошје по желба, а можете да го послужите и со чоколадни трошки.

Потребно:
500 мл ладна слатка павлака
300 ml засладено кондензирано млеко
2 лажици екстракт од ванила

Подготовка:
Убаво изматете ја ладната слатка павлака, па додајте кондензирано млеко и екстракт од ванила. Соединете со миксер, па сипете во садот во кој ќе го држите сладоледот. Покријте со проѕирна фолија или капак, а потоа ставете го во замрзнувач најмалку 7 часа или преку ноќ.