Ученикот со ретка болест џуџест раст на кого му беа вратени документите од Техничкото училиште во Битола, се запиша во средното училиште „Таки Даскало“, во насоката рударски техничар. Во Техничкото училиште сѐ уште е во тек инспекцискиот надзор на Државниот просветен инспекторат по наводите во анонимна претставка дека е испишано поради неговиот хендикеп. Според досегашните сознанија на инспекторите, ученикот заврши осмо одделeние во основното училиштето „Елпида Караманди“ во Битола, а се запиша во првиот уписен рок во прва година Техничко училиште со 53 од потребните 45 поени.
УЧЕНИКОТ НЕ ПРИЛОЖИЛ НИКАКОВ ДОКУМЕНТ ДЕКА ИМА ПОПРЕЧЕНОСТ. МАЈКАТА НА УЧЕНИКОТ ПО ИЗВРШЕН РАЗГОВОР СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА УЧИЛИШТЕТО ДАЛА ИЗЈАВА ДЕКА ГИ ПОДИГНУВА ДОКУМЕНТИТЕ. ВО ОДНОС НА АНОНИМНАТА ПРИЈАВА СО НАВОДИ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ЗАПИШАН УЧЕНИК ДОСЕГА ПРИСУТНИТЕ НА НАДЗОРОТ ВО СОТУ „ЃОРЃИ НАУМОВ“- БИТОЛА ИЗЈАВИЈА ДЕКА ПРИЈАВАТА Е ЛАЖНА, ПОДНЕСЕНА НЕ ОД МАЈКАТА, ТУКУ ОД ДРУГИ ПОДНОСИТЕЛИ, СЕ НАВЕДУВА ВО ИНФОРМАЦИЈАТА ОД ДПИ.
Инаку, по овој настан мнозинството советници од Советот на Општина Битола разреши тројца членови на училишниот одбор во Техничкото училиште и назначија нови. Побараа од градоначалникот да ја разреши од функцијата и директорката на ова средно училиште.