Нови детали за кумановскиот злостор: Соседите повикале полиција за семејно насилство откако ги слушнале криковите на 8-годишниот син на мајката-жртва и на таткото- убиецот

|

Застрашувачки податоци за злосторничкиот фемицид во Куманово. Во истиот стан каде се случила трагедија бил и 8-годишниот син на таткото-убиец и мајката-жртва.

Детето, според сознанија на истрагата, било заклучено во една соба, додека таткото се расправал и и викал на сопругата и на нејзината мајка (баба на детето).

8-годишното дете викало на помош, а соседите кога слушнале повикале полиција за семејно насилство.

46-годишниот сопруг со нож ја избодел сопругата, а потоа и нејзината мајка која била во станот на улица Лесковачка во Куманово.

Според една верзија која на полицајците им ја кажале соседите, злосторот се случил ноќта околу 2 часот, а таткото-убиец претходно го заклучил детето во соба. Следниот ден пак се фрлил од прозорец по што реагирала полицијата која била повикана поради криковите на 8-годишното дете.

Според друга верзија пак, кога полицајците стигнале и кога убиецот ги видел во станот, се приближил до прозорецот и се фрлил од 6-тиот кат на зградата во која се случило двојното убиство.

Осомничениот е префрлен во кумановската болница, но не преживеал.

Полицајците при интервенција го згрижила 8-годишното дете кое за миг остана без родителите и бабата. Тоа не е повредено.

Во тек е увид од обвинителство и полицијата, кои заеднички утврдуваат што точно се случило.