Келнерка ја нашла оваа белешка: „Нема бакшиш. Непристојно е мене и мојата сопруга да нè прашувате…“

|

Извесна келнерка на „Редит“ споделила порака што еден гостин ја оставил заедно со сметката, што предизвикало дебата на популарната социјална платформа.

„Тој се осмели да го напише ова со моето пенкало“, напишала таа покрај фотографијата од сметката со гореспоменатата порака.

„Нема бакшиш, затоа што беше многу непристојно да нè прашате мене и сопругата дали сакаме одделни сметки“, гласела белешката која маж во доцните 50-ти или рани 60-ти, по нејзините зборови ја напишал на сметката откако ѝ кажал дека посебни сметки не се потребни.

Додала и дека политиката на ресторанот во кој работи е да праша дали двајца или повеќе луѓе сакаат една или повеќе сметки.

Луѓето застанале во одбрана на келнерката
„Еднаш во ресторанот дошле брачен пар со деца. Келнерот им донел сметка. Госпоѓата се налутила бидејќи келнерот претпоставувал дека таа и мажот се заедно. Потоа зборувала дека тоа што изгледаат како семејство, не значи дека треба да им се даде една сметка.

Затоа ги прашуваме секој пар или група од луѓе дали сакаат една или повеќе сметки. Не сакаме таа ситуација да се повтори“, појаснила таа“.

Објавата на келнерката собрала 13.000 лајкови и над 1.500 коментари, а мнозинството од луѓето кои коментирале застанале во нејзина одбрана.

„Веројатно не сакале да остават бакшиш, па смислиле некој бесмислен изговор“, „Како би требало да го знаеш тоа? Сум видел луѓе кои изгледале како да се во брак, но всушност биле брат и сестра кои носеле прстени“, „Какво его“, биле само дел од коментарите.