Искусните цвеќари ги препорачуваат следните три растенија бидејќи се многу лесни за одржување.
Алое вера
Ова растение се издвојува по своите лековити својства. Со векови се користи во медицината и козметиката. Гелот од алое се користи за лекување на изгореници, рани, лузни, акни и егзема. Има антиинфламаторни својства кои помагаат при иритација и црвенило на кожата, па често е состојка во козметиката.
Алое верата е популарно собно растение, бидејќи е во состојба да го прочистува воздухот и да ги апсорбира штетните честички, а доста е отпорна и лесна за одржување, претпочита суви и сончеви услови и добро ја поднесува сушата во текот на летните денови.
Идеално е за почетници во одгледувањето цвеќиња, бидејќи не бара посебно внимание.
Фикус бенџамин
Фикус бенџамин е добар за почетници и за сувите летни денови во домот, бидејќи без проблеми поднесуваат високи температури. Доволно е да го полевате еднаш неделно. Листовите на ова растение делуваат како природни регулатори на температурата бидејќи создаваат лад и пријатна атмосфера.
Свекрвин јазик
Свекрвиниот јазик или индиско перо, ја апсорбира и задржува влагата и ги отстранува нечистотиите во воздухот. Задржува голема количина на вода во листовите и затоа испушта многу ладна влага и големи количини кислород, што ќе ви овозможи добро да спиете во пеколните ноќи. Премногу вода може да го уништи ова растение, па затоа честото наводнување не е потребно.