Само благодарение на блиндираното возило, неповреден помина 39 годишниот Раде Трајковски – Штекли, во кој било пукано вчера попладнето во гаражниот дел на трговскиот центар „Ист Гејт Мол “.
Нападот, според неофицијалните информации го извршиле двајца маскирани со фантомки кои по пукањето од пиштоли со пригушувачи избегале со автомобил Ауди со странски регистарски ознаки… Неколку часа подоцна според информациите, ова возило е пронајдено запалено кај езерото Треска во близина на Грчец.
Засега од МВР потврдуваат само дека е пријавено пукање и дека нема повредени лица. Кои се напаѓачите и мотивите се очекува одговор да даде истрагата што ја води јавното обвинителство..
Инаку, Раде Трајковски – Штекли стана познат за јавноста пред две години кога беше екстрадиран од Србија и предаден на македонските власти, откако за него беше распиша меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 6 месеци за тешки телесни повреди.
Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР, смета дека вчерашниот инцидент е само продолжување на низата пресметки во криминалното подземје…
-Ова ќе потрае барем уште некое време додека генерално не ги средиме односите во судството и во јавното обвинителство, затоа што многу предмети се заглавени, односно воопшто не се мрднати ниту ви делот на предистражните ниту на истражните дејствија. Ова вчерашно пукање е поврзано со тие групи на наркодилери и на лица познати како сторители на најтешки форми на организиран криминал. Криминалните групи станаа толку безобзирни и дрски во градот Скопје да не бираат ни место ни време кадешто употребуваат огнено оружје.- Љубомир Ѓурчевски-поранешен началник во МВР
За настанот се огласи и ВМРО-ДПМНЕ.. Во соопштение до јавноста велат дека оваа пресметка се случуваше среде Скопје, во трговски центар преполн со луѓе на само триста метри од средбата на премиерот Ковачевски со Ескобар каде се зборувало за европски вредности.
Пред само неколку месеци во ценатрот на Скопје во Шиша бар се случи двократно убиства, а летово и ликвидација во Грција која исто така се поврзуваше со криминалните групи во главниот град, но засега одговорните не се откриени.. Ваквите пресметки во многу нешта наликуваат на пресемтките во Србија, во кои само пред неколку дена загинаа 19 и 20 годишни момчиња…
-Едно лице кое било со патничко возило „ауди“, пукало кон Р.Т. (39) од Скопје, но не го погодило. Во возилото, според пријавеното, имало уште едно лице. Повредени лица нема. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.“,- стои во извештајот од Министерството.