Девојче прегазено во Кисела Вода – возачот избегал

|

Вчеравечер околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки удрило во малолетничка од Скопје, по што возачот го напуштил местото.

Малолетничката била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Приведени се осомничени лица во врска со настанот.