Ограбена обложувалница во Центар… Шеесетгодишен виничанец допирал по телото 26-годишна Германка

|

Вчера вечер во 22.34 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на општина Центар, две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет, извести МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така, полицијата уапси маж од виничко, кој се сомничи дека допирал по телото 26-годишна Германка.

Полицајци од Полициската станица Делчево вчера вечер во 21.30 часот, го уапсиле 60-годишниот Т.Ј. од село Трсино. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, летово имаше повеќе пријави за силување. Според полицискиот бител, и германска државјанка имаше пријавено дека во Охрид ја силувал Турчин.

Како што информира полицијата вчера вечер во 21.42 часот во СВР Скопје, 46-годишниот Г.Ц. од Скопје исто така пријавил дека на подрачје на општина Аеродром било опожарено неговото патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, извести МВР.

– Според пријавеното, тој самиот го изгаснал пожарот, додаваат од МВР.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.