|
15-годишно девојче од Кавадарци, со иницијали А.П. се оддалечила од нејзиниот дом. Случајот во полиција го пријавил нејзиниот татко, 35-годишниот З.П. од Кавадарци.
„На 29.08.2023 во 19.40 часот во ОВР Кавадарци, З.П.(35) од Кавадарци пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.П.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, објаснија од МВР.
Исто така, вчера попладне во 15.30 часот во Полициската станица Драчево, 78-годишниот И.Д. од село Студеничани, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила 27-годишна Н.Ф. од село Студеничани, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.