Дали ви остана боја по варосување? Еве како да го зачувате за повторна употреба

|

Ако сè уште имате боја откако завршивте со варосување и сакате да ја зачувате за повторна употреба, алуминиумската фолија може да ви помогне да ја задржите бојата и подолг период.

Алуминиумската фолија е една од најсестраните предмети што ги имате во вашиот дом. Таа може да се користи за најразлични работи, кои немаат никаква врска со храната за која најчесто се употребува. Може да биде корисна и кога варосувате, бидејќи може да се користи на неколку начини за време на процесот на бојадисување.

Всушност, можете да користите парче фолија за да ја зачувате преостанатата боја и да ја одржувате свежа и мазна.

Поставувањето на алуминиумска фолија над бојата пред да го вратите капакот на кофата/лименката помага да се спречи формирање на згрутчен слој на врвот. Откако ќе се формира тој слој на врвот, може да биде тешко да се отстрани и да се дојде до употребливата боја одоздола. Неговите остатоци може да се скршат во течноста, оставајќи нерамна трага.

Поставувањето фолија на врвот на бојата пред да ја запечатите кофата ќе помогне да се спречи бојата да оксидира и да го формира тој слој, одржувајќи ја вашата боја во најдобра состојба.

Ако сте сигурни дека капакот е добро прикачен, можете да ја чувате кофата наопаку за да спречите да се формира несакан слој одозгора. Кога ќе сакате повторно да ја користите бојата, само отстранете го капачето и извадете ја фолијата.