До 15 септември: Ретроградниот Меркур ќе влијае врз љубовниот живот на овие знаци

|

Меркур е ретрограден до 15 септември и сигурно ќе ги врати во нашите животи не само поранешните љубови, туку ќе нè натера и да ги преиспитаме плановите за иднината со актуелните партнери, пишува „Сенса“.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Ова се оние хороскопски знаци кои најсилно ќе го почувствуваат неговото влијание.

Девица


Ретроградниот Маркур ќе се движи низ вашата прва куќа, но ќе влијае на односите во вашата натална карта.

Под влијание на ретрограден Меркур ќе ја промените позицијата во врската така што ќе ја „раздвижите“ својата романса.

Меркур е вашиот владетел, а тој ќе ве принуди да се фокусирате на себе, на својот изглед и на она што генерално го сакате како цел во животот. Под негово влијание можеби и ќе го преиспитате вашиот брачен статус или ќе ја промените вашата судбина.

Запамтете дека, моментално, Сатурн се движи низ вашиот брачен сектор и дека тој може да донесе развод или нов брак.

Риби


Ретроградниот Меркур се движи низ секторот на вашата врска, принудувајќи ве да го преиспитате вашиот брак или дури и да отидете на средба со поранешниот партнер.

Ќе се одлучите на таков чекор најверојатно поради фактот што поминувате низ тежок период во животот и сега ви треба неговата помош.

Можно е и неколку ваши поранешни обожаватели да ве контактираат пред 15 септември и секој може да ви понуди состанок или да започне активна кореспонденција со вас.

Стрелец


Ретроградниот Меркур може сериозно да го промени вашиот статус, па повторно да бидете сами.

Најверојатно, ќе одлучите да продолжите со истиот однос од почетокот на врската.

На пример, ако претходно сте живееле одвоено, можете да му понудите на партнерот да се пресели на друго место.

Покрај тоа, Меркур може да врати во вашиот живот личност со висок статус, со која евентуално ќе се венчате следната година.

Бик


Ретроградниот Меркур може да ве поттикне да му пишете на поранешниот партнер или тој да ве контактира и да ги разјасни сопствените чувства.

Веројатно, тој ќе се обиде да ве заведе или ќе ви помогне да промените нешто во вашиот живот.

На пример, ќе дознае дека сега сте несреќни и ќе ви помогне да ставите крај на неуспешната романса.

Освен тоа, поранешниот партнер може да ви предложи да одите на заедничко патување.

Можно е и самите да одите на пат и да ја сретнете таа личност таму, што на крајот ќе ви ја зголеми самодовербата.

Водолија


Ретроградниот Меркур ќе ви го даде најзабавниот романтичен месец – ќе ги врати во вашиот живот поранешните љубовници и интимните партнери.

Тоа значи дека можете да се вратите во страсна врска со еден од нив, но најверојатно само поради станбеното прашање.

На пример, вашата куќа ќе се реновира и поранешниот партнер ќе ви понуди да живеете со него во овој период, што секако ќе придонесе за обнова на страста.

Освен тоа, ретроградниот Меркур може да ве натера да побарате помош од психолог за да ги решите сите комплекси или стравови поврзани со отвореноста во врската.

Веројатно ќе дојдете до заклучок дека треба да се вратите во вашето детство за да ги земете предвид настаните што влијаеле на вас и кои сега ве спречуваат да изградите врски со доверба.