Автобус се запали и целосно изгоре пред „Стража“

|

Автобус кој сообраќал на редовната линија Скопје – Охрид утрово се запали кај Стража.

Како што соопштија од СВР Тетово, во 11:20 часот пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево.

На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица, соопштија од СВР Тетово.

Претходно директорот на Центарот за кризи Стојачне Ангелов информираше дека во несреќата нема повредени лица, а гостиварските пожарникари итно излегле на лице место и го изгаснале пожарот.