Спасовски: Многу луѓе споделија детали со МВР за случајот во Онкологија

|

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уверува дека полицијата „ќе работи деноноќно и со полна пареа до оформување на пријавите“, во врска со истрагата на Клиниката за онкологија. Тој вели дека голем број лица, меѓу кои и новинари, во моментов споделуваат информации со МВР и на тој начин помагаат во истрагата. Министерот не открива за кој временски период се однесуваат доказите што полицијата и Обвинителството ги прибира, но истакна дека долг период се шепотело. Според Спасовски, МВР има капацитет да го заврши случајот.

„Дваесет години се шепотело и денеска се преземаaт активности. Затоа сметам дека целиот овој процес нема да биде ни малку лесен, меѓутоа е исклучително потребен ако сакаме да имаме промена на начинот на функционирање на институциите и благодарност до сите коишто придонесуваат оваа истрага да се изведе до крај, така како што е потребно, но и за сите информации коишто ги споделуваат луѓето во овој момент. Имаме повеќе лица коишто веќе споделуваат информации со колегите“, изјави Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.