|
Полициски службеници вчера лишиле од слобода 15 – годишен малолетник од Кавадарци.
Како што известуваат денеска од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28 јуни до 4 септември.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.