Во тек е аплицирањето за активни мерки за невработени лица

|

Агенцијата за вработување објави пет активни мерки за невработени лица кои се пријавуваат во центрите за вработување низ државата, а меѓу кои Центарот за вработување во Велес.

Од велешкиот центар информираат дека невработените ги подржуваат со активни мерки како што се субвенционирање на плати, финансиска поддршка за создавање на нови работни места и практиканство, а краен рок на пријавување е 8 септември.

Во Центарот за вработување во Велес, евидентираните невработени можат да аплицираат и за двете мерки: обука за познат работодавач и обука за побарувани занимања. За нив пријавувањето е до 15 септември.

Невработените лица евидентирани во Центарот за вработување во Велес можат да конкурираат и за обуки за развој на дигитални вештини и за обуки за познат работодавач, а крајниот рок на пријавување е 30 ноември.

Сите заинтересирани невработени лица од Велес и велешкиот поширок регион дополнителни информации можат да добијат во Центарот за вработување.

Воедно сите невработени лица во земјава повеќе информации може да најдат на веб страната на Агенцијата за вработување av.gov.mk .