Скопјанец се повредил на бензинска пумпа, Албанец при сеча во шума – веднаш се пренесени во болница

|

Вчера во Полициска станица Центар, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 31-годишниот Р.Б. од Скопје, извести МВР.

Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор со лицето било констатирано дека тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во бензинска пумпа на подрачје на Центар.

Вчера попладне во 12.30 часот во СВР Тетово, од гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 31-годишниот Г.Ч. од Република Албанија, извести МВР.– Според пријавеното, тој се здобил со повредите при сеча на шума со уште едно лице од Република Албанија и Р.М.(39) од гостиварско Дебреше. Подоцна, во врска со настанот во полициска станица бил приведен и задржан Р.М., соопшти МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.