Јордан Митев: Голема чест е да настапам за 8 септември, но го откажувам настапот затоа што планираниот настан ќе има партиска цел

|

Јордан Митев, објави дека го откажува настапот за 8 септември во Пеленица, поради политизирање на настанот.

Почитувани фанови, да се настапи за денот на независноста на мојата земја Македонија, како автор и изведувач на македонска музика за мене е голема чест. Тој празник е за сите кои што си ја сакаат и почитуваат својата земја и истиот сметам дека не треба да биде политизиран или обележуван со партиски симболи.

За оваа година имав неколку понуди за да настапам по повод престојниот празник. Едната е како што знаете утре на плоштадот Автокоманда (четврток, 7 септември со почеток од 19:30ч), а другиот настап требаше да биде на 8 септември во Пеленица – Скопје.

Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите, настанот на 8 септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека Јордан Митев нема да учествува на 8 септември во Пеленица.

Нека е за многу години престојниот празник, денот на независноста на Република Македонија, реагира Митев на социјалните мрежи.