|
Вчера околу 07.20 часот во Полициската станица Кратово било пријавено дека во атар на село Шлегово, кратовско, трактор „имт“ без регистарски ознаки, со приколка со кумановски регистарски ознаки, управуван од 68-годишниот А.Ј. од село Шлегово излетал од патот, извести МВР.
– На местото на несреќата возачот А.Ј. починал, а смрт констатирал од лекар од Здравствен дом Кратово, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.