|
На 06.09.2023 во 22.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Требеништа, општина Дебрца, патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(27) од Охрид, излетало од патот.
Притоа, возачот и сопатникот Е.Л.(19) од Охрид се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.